НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ СО ГУДАЧКИ АНСАМБЛ НА ОПЕРАТА НА 30 ЈАНУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Националниот џез оркестар ќе ја отвори годинашната концертна сезона на 30 јануари со концерт во Филхармонијата насловен „Национален џез оркестар со гудачки ансамбл“. Џезерите ќе настапат со гудачки ансамбл составен од музичари од Националната опера и балет.

„Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија. Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески. Како солисти ќе настапат Кирил Кузманов на саксофон и флејта и Бојан Цветковиќ на пијано, а драг гостин на вечерта ќе биде гитаристот Георги Шарески“, велат од Националниот џез оркестар.

Билетите за концертот се достапни онлајн на Мк Тикетс и на нејзините продажни места.