СО „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА“ ПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Со изведбата на „Госпоѓа министерка“ од Бранислва Нушиќ, во режија на Синиша Ефтимов, вчеравечер (22 јануари) започна новата сезона на велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот“.

Таа се одигра пред полна сала, но и останатите четири претстави кои се на репертоарот овој месец се веќе распродадени. Вечерва (23 јануари) и на 30 јануари ќе се игра „Мало невино убиство“, на 28 јануари е комедијата „Вечера за глупаци“, а најдолговечната претстава на Велешкиот театар „Синиот портокал“, која во април ќе наполни осум години од премиерата, е на репертоарот на 31 јануари. Почетокот на сите претстави е од 20 часот.

П. ПЕЧКОВ