ВТОРАТА СЕЗОНА НА „БЕРЛИН“ ДОАЃА НА 15 МАЈ НА „НЕТФЛИКС“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

„Нетфликс“ објави трејлер за втората сезона на „Берлин“, спиноф серијата на „Куќа од хартија“ (La Casa de Pape), чија премиера е закажана за 15 мај. Втората сезона е насловена „Берлин и Дамата со ермелин“ и ќе има осум епизоди.

Покрај Берлин, кого го игра Педро Алонсо, ќе се врати и остатокот од неговата банда, која во првата сезона изврши грабеж во Париз.

Новата сезона е сместена во Севиља. Берлин и Дамијан (Тристан Улоа) повторно го собираат тимот, со план да го украдат ремек-делото на Леонардо да Винчи, „Дамата со ермелин“.

„Берлин“ се одвива пред случувањата во хитот „Куќа од хартија“, која имаше пет сезони, пред да заврши во 2021.

(Фото: Нетфликс)