ИНДИ-РОК БЕНДОТ „МИЛКО“ ГО ОБЈАВИ НОВИОТ МИНИАЛБУМ „ПОСЛЕДЕН ДЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот инди-рок бенд „Милко“ го објави својот нов миниалбум насловен „Последен ден“, што е негово прво издание за „Шарла рекордс“. „Последен ден“ е колекција од четири сингла што „Милко“ ги сними во изминатите година и пол, а како гости се појавуваат Хана Корнети и Јоана Ристовска.

„Полетно и искрено, со силен авторски печат, ова е можеби едно од најзрелите остварувања на ‘Милко‘, со кое го потврдува својот статус на македонската независна музичка сцена“, велат од „Шарла“.

Автор на целиот материјал е Сашо Митревски, а снимен е во студиото „Алшар“ со продуцентот Ивица Јанкуловски.

„Милко“ постои од 2008 година и зад себе има пет албуми и миниизданија.