КАВИЈАР И „ХРАНА ЗА УТЕХА“ НА МЕНИТО ЗА ОСКАРОВСКАТА ЗАБАВА НА 16 МАРТ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Познатиот готвач на славните Волфганг Пак го подготви менито со над 70 јадења за филмските ѕвезди и уметници за Гувернерскиот бал, кој се одржува по доделувањето на Оскарите. Годинава, свеченото доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука е закажано на 16 март.

Пак и неговиот тим, кои по 32. пат се задолжени за кетерингот на официјалната забава по Оскарите, составија мени што нуди вкусови од целиот свет за 1.500 гости од А-листата. Меѓу новитетите се izakaya станица (јапонски стил на паб) и италијанска машина за сладолед, покрај популарните класични јадења кои се служат секоја година.

„Храната за утеха (comfort food) секогаш е омилена кај луѓето, како пита со пилешко, пица со чаден лосос, макарони со сирење или мини вагју бургери“, изјави Пак.

Тој рече дека ѕвездите често пристигнуваат многу гладни на забавата.

„Сè се сведува на квалитетот на состојките и квалитетот на јадењата. Мораме да готвиме за 1.500 луѓе. Гледаме да биде едноставно. Не ни требаат 10 сосови со секое јадење“, додаде тој.

За подготовката и служењето на вечерата се потребни 75 готвачи за солени јадења, 45 готвачи за слатки и 325 келнери.

(Фото: Би-Би-Си)