Ирската актерка Џеси Бакли, која освои Оскар за најдобра женска улога, носеше фустан инспириран од стајлингот на холивудската легенда и принцеза од Монако, Грејс Кели, пред 70 години.
Бакли (36), која доби Оскар за драмата „Хамнет“ на Клое Жао, се појави во фустан од модната куќа „Шанел“, креација на Матју Блејзи. Носеше и шал од црвен свилен сатен кој беше цврсто обвиткан околу градите, а долниот дел беше од шифон во бледо розова боја.

Грејс Кели на Оскарите во 1956 носеше балски фустан со здолниште од шифон, нагласена половина и сатенска наметка. Не беше од „Шанел“, туку од Едит Хед, која беше шефица на костимографскиот оддел на филмското студио „Парамаунт“. Кели таа година доби Оскар за најдобра женска улога во филмот „The Country Girl“.
(Фото: АП)