Топ-моделот Миранда Кер и газдата на Снепчет Еван Шпигел добија син.
Ова е второ дете за 35-годишната Австралијка, која има и седумгодишен син од бракот со актерот Орландо Блум.
„Зборовите не можат да опишат колку сме среќни што му посакуваме добредојде на нашиот прекрасен син во нашето семејство. Миранда е одлично, а Флин е возбуден што ќе има постар брат“, кажаа среќните родители во заедничка изјава.
Двојката во ноември објави дека чекаат бебе, шест месеци откако се венчаа на интимна церемонија со 40 гости, одржана во дворот на куќата на милијардерот Шпигел во Лос Анџелес.
Таа за првпат го покажа трудничкиот стомак во јануари, кога се појави на забавата по доделувањето на Златните глобуси, за да го поддржи движењето „Времето истече“.