Групата „Пеперминт“ ќе одржи концерт во Скопје на 15 мај во Младински културен центар (МКЦ). Гости ќе бидат Игор Џамбазов, Кацар, Дина Јашари и бендовите „Преку ред“ и „Лоши цеца“.
Од „Пеперминт“ велат дека ова ќе биде вечер полна со љубов, забава, уживање и насмевки. Билетите се продаваат онлајн на страницата на МКЦ и на билетарницата.
„Пеперминт“ е оформен во 1999 од Горан Трифуновски-Пајак. Досега има издадено шест албуми, комбинирајќи елементи од рок, панк, џез, поп и други жанрови.