Пејачката Били Ајлиш и режисерот Џејмс Камерон се здружија за да направат 3-Д концертен филм, за што беа искористени снимки од нејзините концерти во Манчестер минатата година. Камерон ја смимаше Ајлиш на четирите концерти во Манчестер од нејзината светска турнеја „Hit Me Hard And Soft“.
„Фановите во Манчестер беа една од моите омилени публики. Го обожавам Манчестер“, рече Ајлиш пред премиерата на филмот.
Ова е уникатен проект и за 24-годишната Ајлиш и за 71-годишниот Камерон. Филмот настанал на предлог на неговата сопруга Сузи, која ја познава мајката на Ајлиш преку еколошкиот активизам.
„Малиот стар Џејмс Камерон ми испрати е-пошта, буквално велејќи: ‘Дали би била заинтересирана да направиш филм од твојот концерт во 3-Д? Никогаш не сум размислувала за такво нешто, тоа беше толку неверојатна идеја“, кажа Ајлиш.
За филмот била користена нова технологија во форма на мали 3-Д камери за да се доближи до Ајлиш на сцената.
(Фото: ЕПА)