ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ МУЗИЧАР БЛЕК КОФИ ЗА ПРВПАТ ЌЕ НАСТАПИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ЈУНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Популарниот јужноафрикански диџеј и продуцент Блек Кофи (Black Coffee) ќе го има првиот настап во Македонија на 19 јуни. Како што објави организаторот „Авалон“, журката ќе биде на отворено, на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје.

„Во моментов, Блек Кофи се смета не само за еден од највлијателните диџеи и продуценти на денешнината, туку и за еден од најактуелните артисти без разлика на музичкиот жанр“, велат од „Авалон“.

Со вистинско име Енкосинати Иносент Мафумуло, тој ја почнал кариерата во 1994 и се здобил со пошироко признание десет години подоцна со учество во музичката академија на „Ред бул“. Првиот од деветте студуски албуми го издаде во 2005 година. Неговата музика претставува мешавина од разни електронски стилови, првенствено хаус, но има и елементи на аренби и џез.

Во 2022 доби Греми за најдобар денс/електронски албум.

Влезниците ќе бидат во продажба од 5 мај.

(Фото: Фејсбук)