КРИСТЕН СТЈУАРТ ГО ПРЕКРШИ ДРЕСКОДОТ И СЕ ПРОШЕТА БОСА НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ВО КАН

Кан, (Би-Би-Си)

Високи потпетици на Канскиот филмски фестивал се веќе некое време предмет на критики.

Кристен Стјуарт, една од членките на годинашното жири, реши да се спротивстави на строгиот дрескод и се прошета боса по црвениот тепих.

Таа пристигна на премиерата на новиот филм на Спајк Ли во црни чевли на Кристијан Лубутен, но ги соблече кога дојде до скалите, за што не беше санкционирана.

„Овдека постои престрог код на облекување. Луѓето многу се вознемируваат ако не носите потпетици или така нешто. Мислам дека не можете да барате од луѓето такво нешто, па така и од мене“, кажа младата американска актерка.

Пред три години, некои жени биле отстранети од црвениот тепих затоа што носеле рамни чевли, што наиде на осуда од некои актерки.

„Секој би требало да носи рамни чевли, тоа е мое мислење’, изјави тогаш Емили Блант.