Холивудскиот актер со кубанско потекло Енди Гарсија го претстави својот долгогодишен проект „Дијамант“ на Канскиот филмски фестивал, речиси две децении откако првпат ја добил идејата додека ѝ помагал на својата ќерка со училишна задача да напише кратка ноар-приказна. Филмот се прикажа надвор од официјалната конкуренција.
Гарсија е режисер и ја игра главната улога во филмот инспириран од ноар-жанрот. Во филмот играат и Бил Мaреј и Дастин Хофман.
Седумдесетгодишниот Гарсија, кој е и сценарист и продуцент на филмот, го опишува проектот како свое дете и за „Ројтерс“ изјави:
„Најголемиот подарок на светот е да го прославуваш успехот на своето дете“.
„Дијамант“ е негов втор игран филм како режисер, по „Изгубениот град“ од 2005.
(Фото: Гети)