ПИСАТЕЛИ ОД ЕВРОПА И МАКЕДОНИЈА НА 6. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЈЕС ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 14 до 20 мај, во Скопје ќе се одржи шестото издание на Фестивалот ЈЕС, во организација на издавачката куќа „Чудна шума“. Ќе има програма со книжевни вечери, промоции, читања, креативни работилници за деца и млади и изложби.

Годинава фестивалот ќе трае седум дена и ќе се одвива на седум различни локации: кафе-книжарницата и галерија „Чудна шума“, кафе „Долап“, МКЦ, креативното студио „Умна куќа“ и објеките на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Програмата е поделена на два сегмента: книжевни вечери и промоции, како и специјална програма за деца со читачки и креативни работилници.

Фестивалот ќе биде отворен со книжевната вечер „YES за кратка проза“ во галеријата „Чудна шума“, каде свои дела ќе читаат Иван Шопов, Владимир Лукаш, Долорес Атанасова-Лори, Биљана Стојановска, Хана Корнети, Ѓоко Здравески, Драгана Лукан-Николоски, Живко Грозданоски, Филип Димевски, Билјана Црвенковска и Ненад Јолдески.

Покрај гостите од Белгија, Албанија, Словенија и Хрватска, на фестивалот ќе учествуваат и 12 македонски автори, а ќе биде организирана и групна изложба на домашни уметници.