Турскиот диџеј и продуцент Махмут Орхан ќе има настап на 25 јули на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, пбјави продукцијата „Прагма“.
Еден од најпопуларните диџеи и продуценти на светската електронска сцена, Орхан зад себе има настапи на фестивали како Тумороуленд, Коачела и Егзит, како и на Ибица. По успешниот албум „Пангеа“ од 2024, Орхан продолжува да ја освојува публиката со својот препознатлив спој на современи електронски ритми и мелодии инспирирани од различни култури.
За концертот во Охрид најавува специјално подготвен сет, внимателно креирани визуелни ефекти и продукција на највисоко ниво. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.