РЕКОРДНИ 274 ЛУЃЕ ГО ИСКАЧИЛЕ МОНТ ЕВЕРЕСТ ВО ЕДЕН ДЕН

Непал, (Ројтерс)

Рекордни 274 планинари го искачиле Монт Еверест на 20 мај, најмногу во еден ден досега од непалската страна. Највисокиот врв на светот (8.849 метри) се наоѓа на границата на Непал и кинескиот регион Тибет и може да се искачува од двете страни.

Операторите на експедиции велат дека оваа година никој не се качувал од тибетската страна зашто кинеските власти не издале дозволи.

„Ова е најголемата бројка на алпинисти во еден ден досега. Претходниот рекорд беше 223 од 22 мај 2019“, изјави Риши Бандари, претседателот на Непалското здружение на оператори на експедиции.

Оваа година, Непал издаде 494 дозволи за качување, кои чинат 15.000 долари.

(Фото: АП)