Познат непалски водич се искачи на Монт Еверест по 32. пат, подобрувајќи го сопствениот рекорд поставен минатата година. Ками Рита Шерпа (56) се искачи на врвот висок 8.849 метри додека ги водеше своите клиенти.
Во исто време, 52-годишната Непалка Лахпа го искачи највисокиот врв на светот по 11. пат, што е светски рекорд за жена.
Рита, чиј татко бил меѓу првите шерпаски водичи, првпат се искачил на Монт Еверест во 1994 и оттогаш го повторил тоа сите години освен во 2014, 2015 и 2020. Тој е еден од многутемина шерпаски водичи чии вештини и стручност се од витално значење за безбедноста и успехот на стотици планинари кои секоја година доаѓаат во Непал.