„БЛУЗ ВО ДУШАТА“, НОВА ПЕСНА НА ПРИЛЕПСКИОТ РОКЕР ИГОР ЈАГУРИНОСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичарот Игор Јагуриноски од Прилеп, поранешниот пејач на групата „Бен Хур“ на музичките платформи ја промовираше новата песна „Блуз во душата“.

„Напишав молски блуз кој буди тага и носталгија, а инспирацијата за доаѓа од искрена љубовна приказна на близок пријател“, вели музичарот.

Јагуриноски, како поранешен пејач на групата „Бен Хур“, е вклучен и во Македонската рок енциклопедија. Денес е пејач и гитарист на групата „Рок блуз бенд“ и акустичниот состав „Иги Бок“, а паралелно пишува и авторска музика. Тој е автор на „Блуз во душата“, како и на петте претходни песни.

Јагуриноски ги напиша музиката, текстот, аранжманот и го сними видеоспотот. Првото гитарско соло го отсвири неговиот син Михаил, а завршниот микс е на Борче Шабаноски.

„Не пишувам музика за да заработувам, туку за да пренесам мои чувства и размислувања“, вели Јагуриноски.