„СТОТРОЈКА“ ГО ОБЈАВИ АЛБУМОТ „ДОМА“ НА ТОДОР КАРАКОЛЕВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Стотројка“ го објави „Дома“, најновото минииздание на пејачот, автор и продуцент Тодор Караколев. Албумот содржи три композиции: инструменталната „103“, насловната „Дома“ и „Сеедно“, за кои авторот вели дека носат атмосфера што се движи помеѓу немир, интроспекција и смиреност.

Спотот за „103“ го направи Дамјан Цветков-Димитров и е изработен преку 3-Д скенирање на студиото на „Стотројка“. Музиката е целосно авторство на Караколев, мастерингот е на Алекс Плант, а омотот е дело на визуелниот уметник Кристијан Савиќ.

Изданието е достапно за слушање и преземање на Бендкемп (Bandcamp) страницата на „Стотројка“.