„СТОТРОЈКА“ ГО ОБЈАВИ ДЕБИ АЛБУМОТ НА ТЕТОВСКИОТ МУЗИЧАР СЕМИ ИСМАИЛИ, „АЛИЈАС ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тетовскиот музичар Семи Исмаили, кој настапува под името Семисм, го објави својот деби албум „Алијас во земјата на чудата“ (Alias in Wonderland) за издавачката куќа „Стотројка“.

Исмаили создава електронска музика преку кодирање во живо, користејќи софтвер, звук и процеси во реално време. На овој начин прави електронски звучни пејзажи кои постојано се менуваат во текот на изведбата.

Од „Стотројка“ го опишуваат албумот како патување низ хиперпросторот, во кој времето и просторот постојано се поместуваат, а слушателот се воведува во своевидна „земја на чудата“.