ТОМ КРУЗ Е ФИЗИЧКИ НЕПРЕПОЗНАТЛИВ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ИЊАРИТУ

Лос Анџелес, (Гардијан)

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваниот нов филм на Алехандро Гонсалес Ињариту, „Дигер“, во кој публиката има можност да го види Том Круз во речиси непрепознатливо издание.
Оваа комична драма ќе има светска премиера на почетокот на октомври, а Круз го игра Дигер Роквел, „најмоќниот човек на светот“, кој е на мисија да го спаси светот од еколошка катастрофа.

Никогаш ништо не ме предизвикало на овој начин, ниту, пак, Алехандро, како кога почнавме да го снимаме филмот. Ова е сосема оригинален филм“, рече Круз.

Тој игра нафтен магнат чија компанија можеби предизвикала еколошка катастрофа што би можела да доведе до нуклеарна војна. Во други улоги се Џон Гудмен, Риз Ахмед, Мајкл Стулбарг, Џеси Племонс и Софи Вајлд.

Ова е прв филм на Ињариту од „Бардо“ од 2022.