Ламин Јамал стана првиот фудбалер во историјата кој освоил светско и европско првенство пред да наполни 20 години.
Тој првпат блесна на меѓународната сцена пред две години, кога ја предводеше Шпанија до титулата на Европското првенство во Германија, а синоќа славеше и во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Со 19 години и шест дена, Јамал е третиот најмлад фудбалер кој станал светски првак. Помлади од него беа само Бразилецот Пеле во 1958 (17 години и 249 дена) и Италијанецот Џузепе Бергоми во 1982 (18 години и 201 ден).
(Фото: АП)