ОВА Е МОЕТО ПОСЛЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, КАЖА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

САД, (ЕСПН)

Кристијано Роналдо потврди дека ова е неговото последно светско првенство, додека Португалија се подготвува за дуелот со Шпанија во осминафиналето во Тексас.

Роналдо (41) е еден од тројцата рекордери со настапи на шест мундијали (2006, 2020, 2014, 2018, 2022 и 2026) и стана првиот играч кој постигнал гол на шест светски првенства, кога беше стрелец против Узбекистан во групната фаза. Светското првенство во 2030 ќе биде организирано од Португалија, Шпанија и Мароко.

„Сакам да уживам колку што е можно повеќе. Ова ќе биде моето последно светско првенство, но се надевам дека мечот со Шпанија нема да биде мојот последен натпревар. Ќе дојде денот кога ќе се повлечам од репрезентативниот фудбал. Но, ќе бидам искрен. Што и да се случи против Шпанија, Кристијано ќе си замине со чиста совест, не 100%, туку 1.000%. Дадов сè во фудбалот. Не ми треба, имам добар живот, но станува збор за страст. Играм фудбал затоа што го сакам“, кажа Роналдо, кој има 232 натпревари и 102 гола во дресот на Португалија.

Роналдо, кој стана европски првак во 2016 со Португалија, инсистираше дека не му треба да го освои ова Светско првенство за да ја комплетира својата биографија.

„Не ми недостасува ништо во животот. Нема да бидам повеќе или помалку Кристијано затоа што освоив светско првенство. Имаме квалитети за победа, но само една земја може да го освои“.

(Фото: АП)