ПЕП ГВАРДИОЛА ВО РАЗГОВОРИ ДА БИДЕ СЕЛЕКТОР НА ИТАЛИЈА

Рим, (Би-Би-Си)

Пеп Гвардиола имаше големи тренерски успеси во Шпанија, Германија и Англија, па дали Италија би можела да биде следна.

Италијанските медиуми објавија дека тамошната фудбалска федерација (ФИГЦ) имала разговори со Гвардиола во обид да го убеди да стане нов селектор на Италија, која ги пропушти последните три светски првенства. Извештаите велат дека легендарниот фудбалер Паоло Малдини, новиот технички директор на ФИГЦ и неговиот советник Леонаардо патувале во Барселона за да разговараат со Гвардиола.

Ако прифати, Гвардиола би бил првиот странец на клупата на Италија од 1960-тите. Други кандидати биле Роберто Манчини и Андреа Пирло.

Гвардиола, кој го напушти Манчестер сити во мај по десет трофејни години, помина две сезони во Италија како играч на Бреша и Рома и добро го владее италијанскиот јазик. Италија нема селектор од април, кога Џенаро Гатузо поднесе оставка по елиминацијата од БиХ во баражот за СП.

(Фото: Гети)