ВЕЧНИОТ ЕРГЕН ХЈУ ГРАНТ РЕШИ ДА СЕ ЖЕНИ НА 57 ГОДИНИ

Лондон, (АФП)

По Џорџ Клуни, попушти уште еден вечен ерген: Хју Грант, ѕвезда на романтичните комедии, вклучувајќи ја и „Четири венчавки и погреб”, конечно, ќе се жени на 57 години.

Тој решил да се скраси со 18 години помладата шведска ТВ-продуцентка Ана Еберштајн, со која подолго време живеат заедно во Нотинг Хил.

„Ова е ден за кој никој од пријателите на Хју не мислеше дека ќе дојде. Тој наскоро ќе биде пензионер и затоа сака да стане семеен човек“, изјави извор за „Сан“

Венчавката треба да се одржи во наредните недели.

Грант и Еберштајн имаат три деца. Глумецот има и две деца со поранешената девојка Тинглан Хон, со која беше по долгогодишната врска со актерката Елизабет Харли.