КИНА ИСПРАТИ САТЕЛИТ ЗА ДА БИДЕ ПРВАТА ЗЕМЈА КОЈА СТИГНАЛА НА ТЕМНАТА СТРАНА НА МЕСЕЧИНАТА

Пекинг, (Гардијан)

Кина се обидува да стане првата земја на светот која стигнала на темната страна на Месечината, откако утрово лансираше сателит од провинцијата Сичуан, објавија државните медиуми.

Ниту една вселенска програма досега не била на тој дел од месечевата површина поради комуникациски проблеми. Сателитот Квекијао за неколку дена ќе влезе во орбитата на Месечината, 455.000 километри од Земјата.

Квекијао е термин позајмен од кинеска народна приказна, во којашто птици формираат мост за да спојат двајца вљубени и тој треба да има токму таква улога во поврзувањето на Земјата и Месечината.

До крајот на годината, Кина планира да испрати приземјувач и возило на темната страна на Месечината, како и семки од компир и зелка заради мал биолошки експеримент.

„Ова лансирање е клучен чекор во обидите на Кина да стане првата земја која ја испитала далечната страна на Месечината“, кажа Џанг Лихуа, менаџерот на сателитската програма.