„Епл“ го редефинираше својот водечки смартфон со лансирањето на „Доу“, „Ајфон“ на преклопување од 1.999 долари, сметајќи дека неговиот дизајн и ветувањата за приватност на податоците ќе му овозможат да избие пред конкурентите кои со години продаваат телефони на преклопување. „Дуо“ би можел да ја потресе категоријата во која долго време доминираа „Самсунг“ и кинески компании како „Хуавеи“.
„Дуо“ има големина и облик на пасош, со заоблени рабови. Се отвора во хоризонтален екран со дијагонала од 19 сантиметри, кој може да се гледа и вертикално. На предната страна има помал екран кога телефонот е преклопен. Кога е отворен, тоа е најтенкиот телефон на „Епл“, соопшти компанијата, но, сепак, подебел од кинеските телефони на преклопување.
Новиот извршен директор Џон Тернус го водеше настанот за најзначајната реконструкција на водечкиот производ на „Епл“ во последните десетина години.
„‘Дуо‘ е дизајниран да испорача искуство слично на ‘ајпад‘, во вид на уред со џебен дијаметар преку прилагодена шарка, двојни дисплеи со конзистентен сооднос на ширина и висина и ново титаниумско тело. Сосема е нов, а во исто време и извонредно познат. Со големина како вашиот пасош, се чувствува познато за држење и удобно за користење со една рака“, рече Тернус.
„Ајфон дуо“ ќе почне да се продава на 23 октомври.
(Фото: ДПА)