МЕТЈУ РИС ИСПИША ИСТОРИЈА СО ДВЕ НАГРАДИ ЕМИ ЗА НАЈДОБАР АКТЕР ВО ЕДНА ВЕЧЕР

Лос Анџелес, (АП)

Велшкиот актер Метју Рис испиша историја на 78. доделување на наградите Еми, станувајќи првата личност која освоила две награди за главна улога во една вечер. Рис беше награден за најдобар актер во хумористична серија за „Widow’s Bay“ и во минисерија за „The Beast In Me“.

„Ние сме мала, но моќна нација. Ова е неверојатно“, рече тој.

Малкумина актери во минатото биле номинирани за најдобар актер во две категории, како Алан Алда, Сели Филд, Елизабет Мос и Тед Денсон, но Рис е првиот со двојна победа.

Пит“ и оваа година е прогласена за најдобра драмска серија, а нејзината главна ѕвезда Ноа Вајл за најдобар актер, додека „Widow’s Bay“ славеше во категоријата најдобра хумористична серија. Првата сезона на „Widow’s Bay“ освои вкупно 14 награди, што е нов рекорд за хумористична серија.

Серијата создадена од Кејти Диполд балансира помеѓу комедија и хорор, раскажувајќи ја приказната за град на еден остров во Нова Англија, каде што Рис е градоначалник, кој се соочува со старо проклетство.

Еми за најдобра актерка им припадна на Рија Сихорн за „Pluribus“ (драма) и на Џин Смарт за „Hacks“ (комедија). Ова е петта победа по ред на Смарт за истата серија.

(Фото: АП)