Јанг Дади ќе одржи концерт на 30 декември во „Т Арена“ во Скопје, каде што за првпат ќе настапи со бенд во живо, објави организаторот „Авалон“.
Концертот, насловен „Јанг Дади и старите пријатели“, е најавен како големо мултимедијално шоу со специјални гости, пријатели и соработници од Македонија.
На репертоарот ќе бидат неговите познати песни „Лидија“, „Сара“, „Син на мама“, „Бести“, „5 до 2“ и други.
Концертот првично беше закажан за 12 септември во салата „Јане Сандански“, но беше одложен и преселен во поголем простор поради, како што тогаш соопшти „Авалон“, можноста за поголема продукција.
Влезниците се во продажба преку „Авалон“ и „Карти.мк“. Купените влезници за партер и фан-пит за првичниот концерт ќе важат и за новиот датум, додека оние со влезници за седење ќе добијат нови. Предвидена е и можност за рефундација за оние кои не можат да присуствуваат на 30 декември.
Јанг Дади е едно од актуелните музичари на македонската хип-хоп и трап сцена, со особена популарност кај помладата публика.