Најпознатиот португалски метал бенд „Мунспел“ (Moonspell) ќе настапи во Скопје следната година во рамките на неговата европска турнеја насловена „Бог е вампир“, објави „Пасворд продукција“. Концертот ќе се одржи на 1 април во Младински културен центар.
„Мунспел“ на турнејата ќе го следат данскиот бенд „Јотун“ и шпанската група „Тодомал“. Ова ќе биде второ гостување на „Мунспел“ во Македонија, по настапот на фестивалот Таксират во 2009.
„Мунспел“ е еден од најзначајните претставници на готик металот. Предводен од фронтменот Фернандо Рибеиро, бендот е основан во 1992 и досега има издадено 14 студиски албуми.
Почетната цена на билети е 1.500 денари.