„ТАНЦОВИЗИЈА“, ИНКЛУЗИВНА ТАНЦОВА ПРЕТСТАВА НА 9 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Танцовото студио „Денсерс јунајтед“ на 9 декември ќе ја одржи својата 13. инклузивна танцова претстава „Танцовизија“ во Националната опера и балет. Ќе се одржат две изведби, од 18 и од 20 часот.

Претставата се организира по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со цел да се промовираат различностите, инклузијата и еднаквите можности преку танцот. Годинава, публиката ќе има можност да гласа во живо за омилените настапи и активно да учествува во настанот.

Продуцентка на претставата е Сара Кочан.