На 4 ноември од 20 часот, во „Салон 19/19“ на Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи солистички рецитал „Ехо на несвесното“ на пијанистката Дуња Иванова.
Ќе се изведат дела од различни стилски и временски периоди од автори како Владимир Ребиков и Бела Барток, како и композицијата „Кругови“ од Дино Имери, инспирирана од истоимениот роман на Тина Иванова. На програмата се и делата „Живот во кутија“ и „Џанго“ од Ана Пандевска
Влезот е слободен.