ЕН ХАТАВЕЈ ГО РОДИ ТРЕТОТО ДЕТЕ

САД, (Пипл)

Холивудската актерка Ен Хатавеј (44) го доби третото дете со сопругот Адам Шулман. Двојката, која е во брак од 2012 година, има и двајца синови, десетгодишниот Џонатан и шестгодишниот Џек.

Актерката е сликана како шета низ Њујорк со новороденчето во носилка на градите, во друштво на пријателка. Засега не се откриени полот, името и точниот датум на раѓањето на бебето.

Хатавеј ја објави третата бременост во јуни преку видео на Инстаграм во кое го покажа трудничкиот стомак. Гостувајќи во една американска телевизиска емисија, Хатавеј кажа дека таа и сопругот биле изненадени од третата бременост, но дека се пресреќни што нивното семејство ќе се прошири.

Хатавеј ја криеше бременоста за време на меѓународната промотивна турнеја на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, бидејќи сакала вниманието да остане насочено кон филмот. Оскаровката,претходно отворено зборуваше за тешкотиите со кои се соочила при обидите да стане мајка, вклучувајќи ги проблемите со плодноста.

(Фото: Гети)