ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ ВО СКОПСКОТО КИНО СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утревечер (29 април) од 18 до 22 часот, во скопското кино Синеплекс ќе се одржи премиера на вториот дел на хит-филмот „Ѓаволот носи Прада“. Настанот е најавен како женска вечер со забава со коктели, диџеј и модна изложба на дизајнерката Ивана Кнез.

Продолжението на филмот од 2006 ја следи Миранда Пристли (Стрип) додека се справува со променливиот медиумски пејзаж, принудена да се соочи со својата поранешна асистентка Емили Чарлтон (Блант), која сега е моќна извршна директорка во луксузен бренд. Енди Сакс (Хетавеј) исто така се враќа во екипата, сега како истакната уредничка. Филмот е во режија на Дејвид Франкерл.

Филмот од 30 април ќе игра и во кината на Киноверзум во скопските населби Кисела Вода и Драчево, Штип и во Велес.

(Фото: Гети)