ПОП ЅВЕЗДАТА МАЈЛИ САЈРУС СЕ ОМАЖИ ЗА РОКЕРОТ МАКС МОРАНДО

САД, (ДПА)
FILE PHOTO - Miley Cyrus and Maxx Morando on the red carpet of the 68th Annual Grammy Awards at Crypto.com Arena in Los Angeles. (is associated with: «Miley Cyrus marries Maxx Morando in California ceremony»)

Поп ѕвездата Мајли Сајрус се омажи за партнерот Макс Морандо на церемонија во Калифорнија. Морандо е тапанар во рок-бендот „Лили“ од Лос Анџелес.Меѓу гостите на приватната церемонија биле таткото на пејачката, Били Реј Сајрус, и неговата партнерка Лиз Харли.

„Дејли мејл“ објави дека церемонијата се одржала во одморалиште во Палм Спрингс, кое некогаш било во сопственост на Френк Синатра. За таа пригода, Сајрус носела бел фустан, додека гостите се придржувале до кодекс на облекување кој налагал целосно црна облека.

Пред врската со Морандо, Сајрус беше во врска со поп-ѕвездата Ник Џонас и пејачот Коди Симпсон, а беше и во брак со актерот Лијам Хемсворт. Сајрус и Хемсворт стапија во брак во 2018, неколку месеци откако го загубија својот дом во Малибу во шумски пожар во Калифорнија. Тие се разделија следната година, а разводот беше финализиран во јануари 2020.

Пејачката и актерка се прослави со улогата на средношколка која има алтер-его како поп-ѕвезда во серијата „Хана Монтана“, во која нејзината кума, Доли Партон, се појави во улогата на тетка Доли. Сајрус имаше успешна музичка кариера откако заврши серијата „Хана Монтана“, освојувајќи три награди Греми и една Брит со нејзините хитови меѓу кои и „Кугла за рушење“ (Wrecking Ball), „Цвеќиња“ (Flowers) и „Забава во САД“ (Party In The USA).

Според компанијата „Офишал чартс“, таа има три сингла и два албума кои се искачиле на првото место на топ-листите во Обединетото Кралство. Низ годините, Сајрус сними повеќе дуети со Партон, меѓу кои и преработка на песната „Кугла за рушење“ за албумот „Рокстар“ на кантри-пејачката, објавен во 2023.

(Фото: ДПА)