На 27 декември, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи новогодишна детска забава со музичкото шоу „ЈЕЕЈ!“ и „Светот на Биби“. Настанот ќе почне во 11 часот, а децата ќе се дружат со Биби, Боби, Тина и Моника.
На програмата се омилените детски песни, танц и музички игри, во кои ќе можат да учествуваат и родителите.
„ЈЕЕЈ!“ е музичко-едукативно шоу на „Светот на Биби“, кое преку песни, игри, квизови и приказни ги запознава најмладите со музичките инструменти, ритамот и различните музички содржини.
Новогодишното шоу е замислено како забава за целото семејство, со акцент на пријателството, заедништвото и учењето преку музика и игра. Билетите се продаваат преку мрежата на e-ticket.mk.