„Секс Пистолс“ ќе се раздели со пејачот Френк Картер по декемвриските концерти во Велика Британија, објавија тие.
Тројца членови од класичната постава на легендарниот панк бенд, Стив Џонс, Глен Матлок и Пол Кук, настапуваат со Картер од 2024 година, но тоа ќе заврши со концерт на 20 декември во Лондон.
„Концертите беа спектакуларни и, секако, голем поздрав до сите фанови. Ова не е крајот на ‘Пистолс‘, но да видиме што ќе се случи“, изјави Џонс.
„Секс пистолс“ се обединија по 16 години во 2024, но без фронтменот Џони Ротен, кого го замени англискиот пејач Френк Картер. Иако првично беа најавени само два хуманитарни концерти, тоа прерасна во двегодишна соработка.