По распродадениот концерт на 17 декември, Влатко Стефановски ќе одржи уште еден концерт насловен „Стефановски и пријателите-акустична вечер“, на 24 јануари 2027 во Филхармонијата во Скопје. Гости ќе бидат Мариа Дидрага, Зарина Првасевда, Наум Петрески, Дамир Имери, Горан Бојчевски, Јан Стефановски и Иван Кукиќ.
Концертот ќе обедини музичари од различни жанрови и генерации, од традиционалната музика до џезот и рокот, во акустично издание.
Стефановски годинава објави два албума за дискографската куќа „Кроација рекордс“, „Гитарата пее“ и „Мускулна меморија“, кои во март ги промовираше во Сплит, а во мај во Скопје. На првиот албум се инструментални верзии на десет песни на хрватскиот композитор Ѓорѓе Новковиќ, а вториот содржи девет авторски композиции, на кои легендарниот гитарист работеше три години.
Минатата година, за истата дискографска куќа го објави тројното винилно издание „London Sessions“, а годинава ја доби и престижната хрватска музичка награда „Порин“ за особен придонес кон хрватската музика.