МИ СЕ ДОПАЃА ШТО ЛУЃЕТО МИСЛАТ ДЕКА МОЈАТА ОБЛЕКА Е ГРДА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „БАЛЕНСИЈАГА“

Мадрид, (Гардијан)

Челниците на „Баленсијага“ се мајстори да ги убедат луѓето да фрлат голема сума пари на нешто во што ќе изгледаат смешно.

Шпанската модна куќа повторно создаде нешто за што зборува цел Интернет. Тоа е „кошула кошула“, што, како што и самото име кажува, е кошула врз којашто е фрлена уште една кошула и може да се носи на два начини. Таа е дел од новата есенска колекција на „Баленсијага“ и чини 1.290 долари.

Чантата на „Баленсијага“ инспирирана од „Икеа“ од 2.000 долари и одговорот на „Икеа“ од 99 центи

„Многу е интересно како го дефинираме грдото. Многу е интересно и да се пронајде линијата кадешто грдото станува убаво и обратно. Ми се допаѓа тој предизвик. Ми се допаѓа што луѓето мислат дека мојата облека е грда. Мислам дека тоа е комплимент“, вели креативниот директор на „Баленсијага“, Демна Гвасалија.

„Баленсијага“ стана луксузен бренд што сите го озборуваат токму со доаѓањето на Грузиецот во компанијата.

Минатата година, „Баленсијага“ ги шокираше сите со 2.000 долари вредната чанта инспирирана од „Икеа“. Шведската компанија одговори на ова со чанта од 99 центи.

Чевлите од 850 долари биле распродадени пред официјално да бидат пуштени во продажба