На многу луѓе им се допаѓа аналниот секс. Други пак се срамат да кажат дека им се допаѓа или мислат дека е нешто нехигиенско. Токму за овие работи, аналниот секс честопати е третиран како табу тема.

Анусот е блиску до сексуалните органи, затоа околу него постојат многу нервни завршетоци, што е и причината зошто при оргазмот анусот се стеснува и зошто аналниот секс предизвикува чувство на задоволство.

Доколку ве вознемирува хигиената, тогаш планирајте да се истуширате пред сексуалниот однос. Исто така, користете нов кондом доколку имате вагинален секс пред аналниот секс.

Преку анален секс не се забременува, но постои можноста тоа да се случи доколку спермата помине во вагината.

Првиот пат може да боли малку, па дури и да ве исплаши. Но ова чувство скоро секогаш поминува со стекнување поголемо искуство. Употребата на лубриканти може да има многу релаксирачки ефект за време на овој тип на секс.

На почеток, нежно допрете до анусот за партнерот/ката да почне да се навикнува на чувството. Ако на вашиот партнер ова му претставува задоволство, тогаш може да го внесете прстот малку подлабоко во анусот, движејќи го напред назад.

Ако и двајцата чувствувате дека треба да продолжите понатаму, тогаш нежно ставете го пенисот, со кондом и многу лубрикант. Ова правете го бавно и внимателно за да се навикнете и двајцата на новото чувство. Ако во некој момент некој од вас доживее болка, извадете го пенисот полека, бидејќи ако го правите тоа брзо, може да боли уште повеќе.

Конечно, ако сите овие чекори ви претставуваат задоволство, дечкото може да го внесе пенисот подлабоко во анусот и да го забрза темпото.