„АРХАНГЕЛ“ Е ПОСЛЕДНИОТ ДОДАТОК НА Д ФЕСТИВАЛ ВО ДОЈРАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По пет години пауза, еден од најзначајните македонски рок бендови „Архангел“ повторно ќе одржи концерт.

Тој ќе се случи во рамките на Д фестивал во Дојран, каде што ќе настапи на главната бина на 7 јули.

Иако немаат издадено нова музика веќе 15 години, „Архангел“ остануваат миленици на македонската публика, која за последен пат можеше да ги чуе во живо во декември 2013 година, и тоа во едно поинакво издание, во соработка со Македонската филхармонија.

„Архангел“ е последниот додаток на веќе богатата концертна програма на Д фестивал, што ќе се одржи од 5 до 7 јули. Претходно беше потврден настапот на Пол ван Дајк, Финк, Севдализа, Горан Трајковски, Дуке Бојаџиев, „Дисајплс“, „Смат“, „Бркови“, „Палиндром“ и многу други.