Мастурбацијата претставува допирање и милување на своите гениталии или други зони на телото како брадавиците кај жените или анусот, за да се постигне сексуално задоволство. Најчесто, ова се прави сé додека не се постигне оргазам. Постојат многу начини на мастурбација.

Жените обично го прават тоа при стимулирање на клиторисот и вагината со прстите. Можат да користат многу начини, како насочување на водата од тушот кон клиторисот, користење на вибратор или дилдо. Доколку користите овошје или друг предмет, похигиенски е да се покрие со кондом пред употреба.

Мажите мастурбираат преку триење на пенисот нагоре-надолу. Може да правите брзи или побавни движења користејќи ја целата рака или два прста. Ако сакате раката да се лизга полесно може да користите плунка или лубрикант.

За време на мастурбацијата најчесто помага и имагинацијата, кога истовремено размислувате за нешто што ве возбудува.

Иако се во врска, многу луѓе мастурбираат, што е сосема нормално. Некои од причините би можеле да бидат дека сакаат да откријат разни техники кои можат да ги пробаат со својот партнер, да го откријат ритамот на возбудување на своето тело или како начин за да се олеснат од стресот.