РИЈАНА ДОБИ УЛИЦА НА БАРБАДОС

Барбадос, (Мешaбл)

Ријана драјв гласи новото име на една улица на Барбадос, во чест на оваа поп-дива. Улицата, порано позната како Вестбери њу роуд, е токму онаа каде што Ријана пораснала.

Поп-ѕвездата дојде за настанот што се одржа по овој повод, одржа говор и прими почесна плакета.

„Мојот живот започна токму на оваа улица. Бев мало девојче кое тука возеше велосипед, трчаше боса по улицата и леташе змејови. Но, имав големи соништа. Соништа, кои се родија тука“, кажа Ријана.

Ријана, која е културен амбасадор на Барбадос, со ова ги следи чекорите на неколку други големи ѕвезди, како Кетрин Хепбурн и Џуди Гарланд, кои, исто така, имаат добиено „свои“ улици.