Сè додека знаете да ги допрете вистински места постојат повеќе начини да ја доведете жената до сексуална кулминација. Ако си поигрувате со клиторисот најголеми се шансите да ја доведете до оргазам, но има и многу други начини.
Кругот на задоволството
Околу уринарниот отвор на жената, над вагината, се наоѓа еректилно ткиво – корпус спонгиозум, со други зборови мина на задоволствата. Допирањето со прст или лижењето на оваа зона, може да биде одлична идеја за девојката да се загрее за секс.
Забавното копче
Од медицински аспект, клиторисот се смета за женската верзија на пенисот. Скриено богатство на нервни завршетоци, а таму каде што нервите завршуваат, задоволството започнува. Ова мало делче кожа над уретрата може да биде причината за земјотресни задоволства при орален секс, дури и кога се стимулира при контакт со пенисот.
Перничиња на олеснување
Понекогаш токму кога не го погодуваме местото на конечното задоволството имаме дури подобар ефект. Од двете страни на вагиналниот отвор се наоѓаат вестибуларни перничиња, кои се полнат со крв за време на возбудата и се еректилни исто како клиторисот. Во моментот на оргазам, крвта собрана таму се пренесува низ целото тело со неописливо олеснувачко чувство.
Г-точка
Г- точката е можеби најпознатата точка на задоволство на женското тело,. Таа се наоѓа 5-7 центиметри во вагината, на предниот ѕид. Понекогаш стимулацијата со прст е дури посилна од пенетрацијата. Најдобри пози за стимулација на Г-точката се каубојка и кучешка.