Вредноста на криптовалутата биткоин за првпат ја надмина границата од 20.000 долари, 12 години откако беше измислена. Таа денеска порасна за седум отсто, достигнувајќи ја вредноста од 20.787 долари.
Биткоин ја зголеми вредноста оваа година за повеќе од 170%, иако во првите месеци не се чинеше дека ќе биде така. Во февруари и март вредноста му падна за 50%, на само 4.895 долари, а откако заздраве, се стабилизираше на околу 10.000 долари.
Биткоин се доближи до вредноста од 20.000 долари кон крајот на 2017, по што почна да паѓа и дојде на само 3.000 долари.