Новата европска стриминг платформа „СкајШоутајм“ (SkyShowtime) од февруари ќе може да се гледа и во Македонија.
На ексклузивен настан во Амстердам беше објавено ширењето на услугата на нови пазари, што ќе се одвива во две етапи. Од 14 декември, платформата ќе биде достапна во БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Словенија, а од февруари 2023 и во Албанија, Чешка, Унгарија, Македонија, Полска, Романија и Словачка.
„‘СкајШоутајм‘ е создаден за европскиот пазар. Нуди ексклузивен пристап до серии и филмови од некои од најпознатите светски студијa, но и премиум канал со локална забавна содржина“, изјави Монти Сархан, извршниот директор на „СкајШоутајм“.
Оваа платформа беше лансирана во Данска, Финска, Норвешка и Шведска на 20 септември оваа година, по што се прошири и во Холандија и Португалија.