„Нетфликс“ најави досега невидена офанзива на пазарот и голем број нови филмови од сопствена продукција оваа година.

Стриминг сервисот објави дека секоја недела во 2021 година ќе има премиера на најмалку еден филм. Станува збор за 71 нов наслов од најразлични жанрови. Од нив, 52 се на англиски јазик, а осум се анимирани филмови. Бројката нови филмови не вклучува документарци.

„Нетфликс“ успеа да привлече импресивна листа холивудски ѕвезди во својата продукција.

Леонардо ДиКаприо ќе дебитира на „Нетфликс“ со комедијата на Адам Мекеј „Don’t Look Up“, во која играат и Џенифер Лоренс, Кејт Бланшет, Мерил Стрип и Крис Еванс, а Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс ќе се обединат во акционата комедија „Red Notice“. Хали Бери и Лин-Мануел Миранда ќе го имаат своето режисерско деби преку „Нетфликс“.