МАСК КУПИЛ БИТКОИНИ ЗА 1,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ИМ ДОНЕСЕ НОВА РЕКОРДНА ВРЕДНОСТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Компанијата на Илон Маск, „Тесла“, објави дека купила 1,5 милијарди долари на биткоини во јануари и во иднина би можела да ги прима како средство за плаќање. Оваа вест придонесе за скок на вредноста на криптовалутата за 17%, односно до рекордни 44.220 долари.

Ова следува неколку дена откако Маск го додаде хаштагот биткоин на својот профил на Твитер. Тој продолжи да зборува и за други криптовалути, како догекоин, чија вредност набргу потоа порасна за 50%.

„Тесла“ соопшти дека минатиот месец ја сменила политиката на инвестирање и дека сега сака да вложува во резервни средства, како дигитални валути и златни прачки. Од компанијата кажаа дека веќе купиле биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Пред само една недела, Маск изјави дека очекува биткоини да станат поприфатливи меѓу инвеститорите.