НАСКОРО НА ИНСТАГРАМ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ КОЛКУ ЛУЃЕ ВИ ГО ПОСЕТИЛЕ ПРОФИЛОТ

Њујорк, (Индипендент)

Инстаграм почна да тестира новина која на корисниците ќе им открива колку луѓе им го посетиле профилот во претходната недела.

Оваа информација се покажува на врвот на вашиот профил, со што не постои шанса да не ја забележите. Иако корисникот ќе има увид во бројот на посети, истовремено нема да дознава и кој му го посетил профилот.

Оваа новина прв ја забележал стручњакот за технологија и социјални мрежи Мет Навара, кој на Твитер постираше скриншот од кој се гледа како ќе изгледа тоа.

„133 посети во последните три дена“, напишал Навара.

Оваа опција засега е во фаза на тестирање и не се покажува на сите профили на Инстаграм.