ПЕСНА НА „ФЛИТВУД МЕК“ СЕ ВРАТИ НА ТОП-ЛИСТИТЕ ПО 40 ГОДИНИ ПО ШЕГА НА ТВИТЕР

Њујорк, (Гардијан)

„Сништа“, синглот на „Флитвуд Мек“ од 1977 година, повторно влезе на американската топ-листа, благодарение на популарно меме на Твитер.

Песната која беше објавена на албумот „Гласови“, што се продаде во 40 милиони примероци, се најде на 16. место на рок-листата на „Билборд“, откако беше искористена во едно меме со чирлидерки, што на големо се споделуваше на Твитер.

Постот беше ретвитнат повеќе од 130.000 пати, а песната, истовремено, имаше 2.000 симнувања и 1,9 милиони стримувања на Интернет, што претставува раст од 24%.

„Гласови“, кој откако излезе во 1977 година 31 недела по ред го држеше првото место на рок-листата на „Билборд“, сега се појави на 13. место на истата топ-листа.

Ова не е прва песна која профитираше од меме културата. Таков случај беше и со „Харлем шејк“ од американскиот продуцент Бауер и со „Никогаш не се предавај“ од Рик Естли, која доби нов живот неколку децении по првичниот успех.