Кабосу, кучето кое беше ѕвезда на мемиња, угина по 14 години интернет слава. Кучето од јапонската раса шиба ину инспирираше серија онлајн шеги и стана заштитно лице на криптовалутата доџикоин.
„Кабосу имаше леукемија и болест на црниот дроб и угина мирно, како да заспива. Мислам дека таа беше најсреќното куче на светот, а јас бев најсреќната сопственичка“, изјави 62-годишната Ацуко Сато.
Бидејќи беше посвоена од засолниште во 2008, точната возраст на Кабосу не е позната, но Сато верува дека имала 18 години. Две години по посвојувањето, Сато го снимила својот миленик со прекрстени шепи на софа и ја објавила фотографијата на својот блог, од каде што се проширила на Редит и стана меме.
Фотографијата подоцна стана и дигитално уметничко дело НФТ, кое се продаде за четири милиони долари, по што ја инспирираше криптовалутата доџикоин. Таа почна како шега на двајца софтвер инженери, а денес е осмата највредна криптовалута, што ја поддржаа и Илон Маск и Снуп Дог.
Сато кажа дека низ годините се навикнала на најневеројатни работи поврзани со нејзиното куче.